/ Прочитано:

2.224

Врховен суд на Русија: Одлука за забрана на Јеховините сведоци, имотот ќе им биде конфискуван

„Врховниот суд пресуди во корист на тврдењата на Министерството за правда на  Русија, па отсега Административниот центар на Јеховините сведоци во Русија го смета за екстремистичка организација. Ќе се елиминира и ќе се забрани нивната активност во Русија. Сопственоста на организацијата на Јеховините сведоци ќе биде конфискувана и ќе стане државна сопственост“, изјави судијата Јури Иваненко. При изрекувањето на одлуката, судијата Иваненко истакна дека сите 395 претставништва на религиозната група на руска територија се предмет на распуштање и нивниот имот ќе биде конфискуван од страна на државата.

Врховниот суд на Русија денеска ги забрани Јеховините сведоци, прогласувајќи ги за екстремистичка организација и издаде наредба да го предаде својот имот на државата.

„Врховниот суд пресуди во корист на тврдењата на Министерството за правда на  Русија, па отсега Административниот центар на Јеховините сведоци во Русија го смета за екстремистичка организација. Ќе се елиминира и ќе се забрани нивната активност во Русија. Сопственоста на организацијата на Јеховините сведоци ќе биде конфискувана и ќе стане државна сопственост“, изјави судијата Јури Иваненко.

При изрекувањето на одлуката, судијата Иваненко истакна дека сите 395 претставништва на религиозната група на руска територија се предмет на распуштање и нивниот имот ќе биде конфискуван од страна на државата.

Во пресрет на одлуката за ликвидација, по поднесената тужба од страна на Министерството за правда на Русија, Јеховините сведоци во неколку наврати наидоа на сериозни обвинувања за прекршување на антиекстремистичката легислатива на Русија.

Министерството за правда претходно имаше поднесено барање да се затвори националното седиште во близина на Санкт Петербург. Нивниот административен центар, кој има 175.000 членови, во март беше суспендиран поради наводна „екстремистичка активност“.

Правниот застапник на Министерството за правда на Русија, Светлана Борисова, вели дека Јеховините сведоци претставуваат закана за правата на граѓаните, јавниот ред и јавната безбедност. Летоците што ги дистрибуираат за нивно промовирање претставуваат закана за здравјето на луѓето и ваквите промотивни материјали беа обезбедени како доказ од страна на Министерството за правда за време на судскиот процес. Во текот на постапката беа пронајдени повеќе од 90 печатени брошури на организацијата што содржат  екстремистички материјали.

„Едно од строгите верувања на Јеховините сведоци е целосна забрана на трансфузија на крв, а тоа потенцијално може да го загрози животот на едно дете“, нагласува Борисова, наведувајќи притоа конкретен случај кога следбениците на Јехова одбиваат да дадат согласност за болнички третман потребен за нивното дете.

Одбраната на Јеховините сведоци вели дека ќе се жали на ваквата судска одлука која сè уште не е ефектуирана, а најавија и дека случајот ќе го продолжат и во Европскиот суд за човекови права.

„Ќе направиме сè што можеме“, истакна Сергеј Черепанов, правен застапник на Јеховините сведоци во Русија.

Инаку, во 2010 судиите во Стразбур пресудија дека и претходната одлука на рускиот суд да ја забрани организацијата е неправедна.

Ако денешната одлука на Врховниот суд биде потврдена и од страна на Апелациониот панел составен од тројца судии, Јеховините сведоци може да се соочат со казна затвор од две до шест години, доколку се спротивставуваат на одлуката на судот и продолжат да работат во Русија.

Инаку, Јеховините сведоци, кои се познати по проповедање од врата на врата и делење бесплатна литература, денес во светот имаат повеќе од 8 милиони следбеници.

А. Б.