/ Прочитано:

2.432

Врховниот суд ги укина првостепената и второстепената пресуда за предметот „Монструм“

„Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како ’Монструм’, со која жалбите на одбраната се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

Минатиот месец Обвинителството побара укинување на пресудите и враќање на предметот „Монструм“ на повторно одлучување. За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор беа осудени: Алил Демири, Африм и Аѓим Исмаиловиќ и Езим и Хаќи Азири и Самил Љута.

Убиствата кај Смилковското езеро се случија на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

М.В