/ Прочитано:

855

Врховниот суд на Индија го призна постоењето на трет пол: „Ова е прашање на човековите права“

Вторник, 15 април 2014 – Врховниот суд на Индија го призна постоењето на трет, родово неутрален пол, наведувајќи дека трансродовите луѓе сега можат на таков начин да се идентификуваат себеси на официјални документи.

Врховниот суд на Индија го призна постоењето на „трет пол“, кој не е ниту женски, ниту машки, со што транссексуалците го добиваат истиот степен на заштита на нивните права, како и традицоналните два пола.

„Тоа не е социјално или медицинско прашање, туку е прашање на човековите права“, изјави еден од судиите.

Случајот за кој расправаше Врховниот суд е од 2012 година и е поднесен од група активисти за човекови права, предводени од Лакшми Нарајан Трипати, кои е познат индиски поборник за правата на евнусите и транссексуалците.

Претходно, трансродовите Индијци мораа да се идентификуваат како луѓе од машки или од женски пол. Активистите велат дека пресудата ќе им помогне на милиони луѓе кои се соочуваат со дискриминација во многу конзервативното индиско општество. Во Индија има околу два милиона трансродови луѓе.

Неодамна и Врховниот суд на Австралија оцени дека еден човек може да биде ниту маж, ниту жена и донесе одлука таквите лица да бидат регистрирани како човек со неодреден или неутрален пол.