/ Прочитано:

1.595

Врховниот суд на САД ја разгледува жалбата на Њу Џерси за легализирање на обложувањето

Жалбата што ја упати гувернерот на Њу Џерси , Крис Кристи, до Врховниот суд минатата недела ќе се најде на дневен ред на судот, а нејзина клучна поента е да се спречи да замре интересот за спорт и обложување во државата. Извршниот директор на „Вилијам Хил”, Џо Ашер, за „Еј-би-си њуз“, изјави дека времињата од 1992 се променети и дека луѓето насекаде веќе го обожаваат обложувањето, а дека во овој случај се принудени во Њу Џерси тоа да го прават противзаконски.

Адвокати кои се занимаваат со предмети од спортско обложување, лобисти и играчи ја поздравија одлуката на Врховниот суд од минатата недела да ја разгледа жалбата на гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи, за легализирање на обложувањето во истоимената држава.

Законот за професионална и аматерска спортска заштита, кој е донесен во 1992 година, забранува спортско обложување низ целата територија на САД, освен во Невада, Монтана и Делавер. Исто така, со законот се направило изземање и за државата Њу Џерси, со тоа што од времето на донесување на законот, во рок од 1 година, државата требало да ја уреди оваа област со свои внатрешни акти и да понуди обложување на нејзината територија. Тогаш Њу Џерси не успеал да понуди програма за обложување и законот практично важел и за нив.

Во последните неколку години, политичарите од Њу Џерси почнаа да го менуваат мислењето и да се ангажираат за легализирање на спортските обложувања, надевајќи се дека тоа ќе им помогне на економијата на државата и на индустријата за игри на среќа.

Жалбата што ја упати гувернерот до Врховниот суд минатата недела ќе се најде на дневен ред на судот, а нејзина клучна поента е да се спречи да замре интересот за спорт и обложување во државата.

Згора на тоа, според Џеф Фримен од Американската асоцијација на игри, досега во Њу Џерси се има создадено нелегален пазар на спортско обложување во вредност од 150 милијарди долари, каде што не се спроведува никаков надзор и никој не сноси одговорност.

Извршниот директор на „Вилијам Хил”, Џо Ашер, за „Еј-би-си њуз“, изјави дека времињата од 1992 се променети и дека луѓето насекаде веќе го обожаваат обложувањето, а дека во овој случај се принудени во Њу Џерси тоа да го прават противзаконски.

Исто така, со свои мислења се јавија и неколку адвокати и играчи кои се ветерани во спортското обложување и кои се надеваат дека Врховниот суд ќе дозволи обложување во државата, но и дека треба да се престане со шпекулациите за тоа каква одлука ќе биде донесена.

С. М.