/ Прочитано:

1.847

Врховниот суд за жалбите во предметите „Тврдина“ и „Таргет“

Врховниот суд на Република Македонија објави соопштение во врска со жалбите на обвинетите од СЈО во предметите „Тврдина“ и „Таргет“.

„Врховниот суд на Република Македонија ја известува јавноста дека денес на 26. 7.2017 година, петчлениот совет на Врховниот суд на Република Македонија донесе решенија со кои се одбиени жалбите на бранителите на Г.Г. и Н.Б. и ги потврди решенијата на Апелациониот суд Скопје за определување на мерка притвор во траење од 30 дена. Постапувајќи по жалбата на одбраната на Т.Ј., Врховниот суд на Република Македонија ја уважи жалбата, го преиначи решението на Апелациониот суд Скопје со кое беше определена мерка притвор и го потврди решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје I Скопје за определување на мерка претпазливост повремено јавување во просториите на Основниот суд Скопје I Скопје и определи и мерка претпазливост привремено одземање на патните исправи и забрана за издавање на други патни исправи.“

М.В