/ Прочитано:

1.386

Врвна обука која помогна во расчистување на бројни дилеми — оценка на учесниците на АКАДЕМИК практичната обука од областа на работните односи во Битола

Четврток, 28 март 2013 – Обуката помогна во расчистување на бројни дилеми, предавачот – врвен експерт, пофесинално, корисно и интересно – ова се коментарите на оние кои беа дел од АКАДЕМИК практичната обука за најзначајните теми од областа на работните односи што на 22.03.2013 се одржа во конференцискиот центарна хотелот „Епинал“ во Битола. Големиот број присутни имаа можност да ги слушнат искуствата и да дискутираат со државниот советник за труд во Министерството за социјална политика, Стојан Трајанов.

 Со цел да им се помогне засегнатите во расчистување на дилемите кои произлегуваат од оваа многу битна област, државниот советник за труд, Стојан Трајанов најпрвин се осврна на темата „Доуредување на права од работен однос“, со акцент на најзначајните колективни договори и најзначајните подзаконски прописи во во работното право.

„Идејата ни беше да им помогнеме на колегите што работат во оваа област да си поткрепат одреден став и мислење, да расчистат одредена дилема  или да ги користат позитивните примери и искуства во постапката во делот на заштитата по одредени конкретни права со детално запознавање на Законот за работните односи. Повеќе се осврнав на колективното договарање во рамки на коишто конкретно се говореше околу целите, системот на колективното договарање, прашања и проблеми врзани со овој процес, како и досегашните сознанија и искуства и проблеми од примената на колективни договори“, вели Трајанов.

Дел од обуките  се состоеја и во запознавање и информирање на учесниците во врска со последните измени и дополнувања на Законот за работните односи коишто ги усвои Собранието на РМ неодамна. „Укажав на најбитните измени чија имплементација доаѓа по повеќе иницијативи“, посочува државниот советник за труд.

За задоволството на оние кои беа дел од оваа обука на АКАДЕМИК, говорат бројните позитивни коментари кои пристигнаа до нашата редакција.

– „Обуката беше одлична, пренесените искуства како од предавачот, така и од останатите присутни секако дека многу ќе ми помогнат во натамошното работење. Во очекување за покана за наредна обука“. – Славица Зарчиева, раководител на административно-правен сектор  во ЈП „Проаква“ – Охрид

– „Задоволни сме од организираната обука, пред се заради изборот на предавачот како признат експерт во предметната област, а секако и заради изборот на учесниците и организацијата на вашите активности и надвор од Скопје. Обуката ни помогна за расчистување на одредени дилеми кои се имаат појавено во нашето секојдневно работење. Имено, за нас посебно беа важни одговорите на следните прашања: за ставот на експертот за потребата од постоењето или неприменливоста на одредбата од член 131 од ЗРО (за ноќна работа на жените во индустријата и градежништвото), неговото толкување за примената и евентуалното поклопување на членот 28а (измена на договорот за вработување) наспрема членот 78 (понуда на нов променет договор пред отказ) од ЗРО, потоа начин на утврдување алкохолизирана состојба или користење дроги од страна на работник како основи за престанок на договорот за вработување согласно член 82 став 1 точка 4 од ЗРО, а секако и други дилеми. Особено корисно беше даденото појаснување на измените и дополнувањата на ЗРО, посебно во делот на внесувањето на висината на платата во пријавите за потреба на работник, договорите за вработување и сл. Експертот сподели и корисни размислувања во однос на регулацијата на сезонската работа, со посебен осврт на последните измени и дополнувања на ЗРО.“ – м-р Орде Ѓорѓиоски, Сектор за правни и општи работи П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп

– „Сите учесници на обуката од нашето прeтпријатие, веднаш по завршувањето на обуката, во меѓусебните разговори во врска со обуката и темите кои беа разработувани исклучително позитивно ја оценија одржаната обука, особено од аспект на високиот квалитет и нивото на практични знаења на обучувачот како и од аспект на интеракцијата која се воспостави помеѓу него и другите учесници. Обуката расчисти многу дилеми, но и отвори многу прашања на кои во иднина ќе треба да се посвети поголемо влијание во нашето работење. Истата го зголеми квалитетот на нашите знаења од обработувана област и посочи практични искуства за надминување на одредени слабости и пропусти кои се појавуваат во секојдневното работење. Во секој случај  пофесинално, корисно и интересно.“ – Kаролина Огњановиќ-Чукалиева, раководител на СПКО работи во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

– Обуката беше одлично организирана и беа опфатени сите измени и дополнувања на законот и одговори на сите мои прашања и нејаснотии во врска со измените“ – Анета Лазова, советник за правни работи и застапување во JП „Комунална хигиена“ – Неготино

– „Можам да изразам само благодарност за поканата и можам да ви кажам дека јас и мојата колешка бевме многу задоволни од она што го видовме и слушнавме на обуката.  Во иднина продолжете со вакви обуки во кои ќе има многу примери од реалниот живот и работа и на кои ќе можеме да прашаме за работи кои ни се случуваат секојдневно, а за чие решавање понекогаш самите немаме решение.“ – Деспина Доневска, менаџер за човечки ресурси во „Џонсон Контролс“ – Штип

– „Обуката беше организирана на ниво, многу сум задоволна од истата, ми помогна да решам многу дилеми во врска со работата која ја извршувам.“ – Нада Наумовска правник во  ЈЗУ Здравствен дом – Битола

– „Обуката беше доста добра, се добија исцрпни одговори по многу прашања и истите ни овозможија разрешување на одредени дилеми во секојдневното работење. Се надевам дека почесто ќе имаме вакви средби кои ќе бидат од интерес за сите нас.“ – Маргарита Христова, самостоен референт за пензиско и инвалидско осигурување во РЕК „Битола“

 – „Би сакала да изразам задоволство од одржаната обука во Битола во врска со прашања и теми кои се однесуваат на полето на работни односи. Истата беше целисходна, интерактивна и добра за размена на информнации и искуства. Секако дека присуството и меѓусебната соработката од обуката има свој позитивен ефект во нашата понатамошна работа.“ – Марта Соклеска, администратор за човечки ресурси во „Сокотаб“ ДОО – Битола