/ Прочитано:

1.279

Втор уписен рок на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола: На Правниот факултет има место за уште 214 студенти

Понеделник, 1 спетември 2014 – Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола денеска и утре ќе го реализира вториот уписен рок за студенти – бруцоши за новата академска година.

Од битолскиот Универзитет информираат дека слободни се 2.492 места за трите категории студирање (државна квота, кофинансирање и вонредно студирање) и на сите високообразовни институции лоцирани во Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Велес, Кичево и во Скопје.

На правниот факултет слободни се 214 места, на економскиот  – 490 места, на факултетот за туризам и угостителство – 149 места, а на педагошкиот факултет ќе може да се запишат уште 39 бруцоши.

Вториот уписен рок ќе се реализира и на факултетот за биотехнички науки каде се огласени 163 слободни места, на високата медицинска школа има место за уште 168 студенти, на факултетот за безбедност 71, додека на техничкиот факултет може да се запишат 390 студенти.

На новоотворениот Факултет за информатички и комуникациски технологии може да се запишат 555 студенти, на технолошко-техничкиот факултет 217, додека на ветеринарниот факултет има место за уште 39 студенти кои ќе студираат во прва година.

Објавувањето на прелиминарните ранг листи ќе се изврши на 4 септември, а запишувањето на примените кандидати е на 11 и 12 септември.