/ Прочитано:

3.951

Взаемно признавање на возачки дозволи – За патување во Србија повеќе не е потребна меѓународна возачка дозвола

Петок, 18 јули 2014 – Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Гордана Јанкуловска и Небојша Стефановиќ, потпишаа Договор меѓу двете Влади за взаемно признавање на возачките дозволи на граѓаните од двете земји.

Според процедурата,  за да стапи во сила спогодбата потребно е да ја ратификуваат и српското и македонското Собрание. Според министрите, оваа спогодба ќе им овозможи на граѓаните минување на границата без посебни процедури.

„Овој договор ќе овозможи на граѓаните да минуваат без посебни процедури од една во друга земја“, изјави Стефановиќ, прецизирајќи дека договорот мора да биде ратификуван во српскиот парламент.

„Договорот има конкретно значење за граѓаните на двете земји, посебно ако се знае дека многу српски државјани транзитираат низ Македонија на пат кон туристичките дестинации“, нагласи министерката Јанкуловска.