/ Прочитано:

1.666

За потребата од донесување Закон за студентско организирање – м-р Илија Јованов

„Овој труд има цел да ги истражи модалитетите на студентското организирање во Република Македонија,  притоа согледувајќи го споредбеното искуство со државите од нашето опкружување, и врз основа на тоа да понуди соодветни алтернативни начини за студентско организирање“, вели авторот на трудот,  м-р Илија Јованов, за потребата од донесување на закон за студентско организирање.

Во трудот, исто така, се посветува внимание на правата на студентите кои, моментално, се пропишани во постојниот Закон за високото образование, но во практиката постојат реални проблеми при нивното остварување и при нивната заштита.

„Ова е причина повеќе зошто ни е потребно донесување на посебен закон во кој ќе биде опфатена тематиката за студентското организирање. Понатаму, во овој труд  посветено е  внимание и на степенот на социјална инклузија на студентите во процесите на донесување одлуки, како на ниво на високообразовна установа така и на ниво на општествена заедница. Од тоа увидов дека студентите воопшто не се вклучени во самите процеси на одлучување и нивниот глас останува нечуен од страна на институциите“, вели Јованов.

Ако се направи ретроспектива низ историјата, може да се увиди дека во сите времиња и во сите земји студентите биле сметани за слободоумни личности и важеле за една моќна и независна сила во општеството. Од студентите се очекувало да имаат послободни и полиберални погледи за сите тековни процеси во државата. Јавна тајна е дека многу власти се плашеле од моќта на процесите и на промените што би можеле да ги иницираат студентите и да ги донесат  јавната сцена. Токму затоа, властите се обидувале да ги стават под своја контрола (на либерален или на брутален начин, со користење демократски или недемократски средства и методи) студентите и студентските движења…

За потребата од донесување закон за студентско организирање

akademik@akademik.mk 14.8.2015