/Прочитано:

238

За практична примена на законските измени за народниот правобранител, потребни се усогласена регулатива и кадровска екипираност

Народниот правобранител Иџет Мемети оствари средба со претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје.На средбата се разговараше за состојбите со промоцијата и заштитата на човековите слободи и права, за предизвиците со кои се соочува институцијата, а посебно за подготвеноста за следење на локалните избори.

Правобранителот Мемети информираше дека видно е подобрена комуникацијата на органите/институциите што се мониторираат од страна на народниот правобранител, но и дека покрај направените законски измени, поради недостаток на капацитети и неусогласеност на правната регулатива, оневозможена е нивната практичнапримена.

Во контекст на значењето и потребата од позајакната заштита на избирачкото право на граѓаните, во пресрет на локалните избори, народниот правобранител со жалење ги информираше претставниците на ОБСЕ дека поради недостаток на кадар доведено е во прашање мониторирањето на изборниот процес, како и отворањето на  бесплатната телефонска линија, но истовремено потенцираше дека во согласност со можностите на институцијата на граѓаните ќе им се овозможи заштита на нивното избирачкото право.

Во годишниот извештај на народниот правобранител за 2016 година се вели дека во институцијата постои повеќегодишен тренд на слабеење на кадровските капацитетите поради недобивање согласност за пополнување на упразнетите работни места, со што бројот на вработените во стручната служба постојано се намалува.

„Новите измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител, кои предвидуваат зголемени надлежности, нема да може реално и практично да се спроведатбез првенствено да се надмине кадровската неекипираност во институцијата“, се нотира во Годишниот извештај на народниот правобранител.

Зајакнувањето на кадровските капацитети на народниот правобранителе една од мерките за реформа на правосудството, предвидени во планот „3-6-9“ на Владата на Република Македонија.

М.В