/ Прочитано:

1.076

За предлог-буџетот на државата ќе има јавна дебата

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска изјави дека в четврток ќе биде организирана јавна дебата за предлог-буџетот за 2018 година.

„Законска обврска на Владата е предлог-буџетот да го достави до Собранието до 15 ноември. Првпат досега ќе се организира јавна дебата на која ќе ги претставиме контурите на предлог-буџетот за наредната година. Покрај дебата, договорена е средба и со коморите за да ги слушнат нивните мислења во однос на подготвениот предлог-буџет, како и на невладините организации и синдикати“, изјави Тевдовски, кој присуствуваше на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето, организирано од Здружението на банкарство при Стопанската комора на РМ.

М.В