/Прочитано:

971

За заштитата на личните податоци и доброто управување клучна е свеста – Игор Кузевски, Дирекција за заштита на личните податоци

Луѓето се најчувствителни тогаш кога некој ќе им „чепне“ во приватноста, особено тогаш кога тие не сакаат. Работникот кога излегува од дома одејќи кон своето работно место, не ја остава својата приватност дома. Напротив. Оттука, во поново време, една од модерните алатки за добро управување од страна на работодавачите се смета и нивната свест и волја за почитување на приватноста, како на вработените така и на нивните клиенти.

????????????????????????????????????

Во пресрет на еднодневната практична обука на 21 декември што ја организира Академик на тема „Заштита на личните податоци – важечки мерки, употреба на социјални мрежи, ракување со бази на податоци“, разговаравме со Игор Кузевски, виш инспектор за заштита на личните податоци во Дирекцијата за заштита на личните податоци, кој воедно ќе биде предавач на обуката.

Обуката ќе биде фокусирана на употребата на социјалните мрежи од страна на компаниите и вработените во поглед на заштитата на личните податоци и маркетинг-практиките, а учесниците ќе имаат можност да слушнат и што е тоа дозволена, а што е тоа недозволена пракса при заштитата на личните податоци. Во нашиот разговор, Кузевски одговори за некои поактуелни прашања кои се однесуваат на оваа тема.

Според вашето искуство и според податоците со кои располагате, дали во Македонија се злоупотребуваат личните податоци на вработените, колку често се случува тоа и на кој начин?

„Да, слободно можам да кажам дека се злоупотребуваат личните податоци на вработените, а најчести се повредите од областа на видеонадзорот. Освен видеонадзорот, многу чести повреди на правото на заштита на личните податоци се јавуваат во уште неколку области области:

  • – преобемно собирање на податоци од кандидатите за вработување;
  • – обработка преку копирање и чување на фотокопија од лична карта на вработените;
  • – обработка на ЕМБГ без законска основа;
  • – изложеност на вработените на постојан видеонадзор;
  • – обработка на податоци за здравјето без законска основа.

Колку е важно за работодавачите да имаат развиен систем на заштита на личните податоци на вработените и клиентите?

Луѓето се најчувствителни тогаш кога некој ќе им „чепне“ во приватноста, особено тогаш кога тие не сакаат. Работникот кога излегува од дома одејќи кон своето работно место, не ја остава својата приватност дома. Напротив. Оттука, во поново време, една од модерните алатки за добро управување од страна на работодавачите се смета и нивната свест и волја за почитување на приватноста, како на вработените така и на нивните клиенти. Најдобар начин да се постигне сето ова е токму преку воспоставен систем за заштита на личните податоци, според принципот: не само затоа што морам, туку и затоа што сакам, вели Кузевски.

Како е регулирана оваа сфера во законодавството и каква е постапката за вршењето на инспекцискиот надзор во таа насока?

„Една од основните надлежности на Дирекцијата за заштита на личните податоци е да врши надзор над законитоста на обработката на личните податоци. Постапката за инспекциски надзор е целосно уредена со Законот за заштита на личните податоци. Овде би споменал дека има три вида надзор, и тоа:

  • редовен надзор, во согласност со годишната програма за вршење надзор;
  • вонреден надзор, по барање или по иницијатива на граѓани и надлежни државни органи и други правни лица и
  • контролен надзор, кој е еден вид придружен надзор на редовниот или на вонредниот надзор“, објаснува Кузевски.

Едно од актуелните прашања во денешно време е употребата на социјалните мрежи, како од граѓаните така и од компаниите. Во контекст на заштитата на личните податоци, колку можат да бидат злоупотребени социјалните мрежи, а воедно и колку можат да бидат дел од маркетинг-практиките на компаниите?

„Постои разлика помеѓу правото на приватност и правото на заштита на личните податоци. Правото на приватност во основа зависи од нас како физички лица, односно зависи од нас дали и што ќе кажеме/ќе откриеме за себе. Ова се однесува и на социјалните мрежи. Дали и што ќе објавуваме на Фејсбук е наша волја (Фејсбук како пример за најмасовна социјална мрежа).

Од друга страна, правото на заштита на личните податоци е одговорност на државата. Овде се мисли на злоупотребата на приватноста од страна на друго лице кога државата преку надлежен орган треба да обезбеди заштита, во случајов преку Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Во однос на маркетингот на компаниите, би рекол дека тој во поново време е најмасовен токму на социјалните мрежи. Примери има многу, а тука би дополнил дека социјалните мрежи се користат не само за комерцијален маркетинг, туку и за други видови маркетинг, на пример политички“, истакна Кузевски.

А. Б.