/ Прочитано:

1.431

Забрана за ДИК да обезбедува е-пристап до личните податоците во Избирачкиот список

Иако на вчерашната седница на ДИК беше договорено спорниот список да биде тргнат тој и денеска сè уште е достапен за преземање од веб-страницата на Комисијата.

DIK

Дирекцијата за заштита на личните податоци по службена должност извршила вонреден инспекциски надзор во Државната изборна комисија во однос на објавувањето на личните податоци од Избирачкиот список на нејзината веб-страница, информираат од Дирекцијата.

Поради итноста на наведените состојби, велат од Дирекцијата, биле издадени решенија со кои ѝ се забранува на Државната изборна комисија да обезбедува електронски пристап до личните податоците во Избирачкиот список објавен на веб-страницата https://izbirackispisok.gov.mk/, на начин кој не е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Имено, во едното привремено решение утврдено е дека објавувањето и електронскиот пристап до личните податоци во Избирачкиот список преку веб-страницата на Државната изборна комисија од страна на неодреден број лица не е правично и не е во согласност со закон и е извршено на начин што не е во согласност со конкретна и јасна законски утврдена цел, спротивно на член 31 став 2 точка 28-в и 28-г од Изборниот законик и член 5 став 1 и став 4 од Законот за заштита на личните податоци.

Во другото привремено решение ѝ се забранува на Државната изборна комисија да објавува на својата веб-страница лични податоци на физички лица (име и презиме, пол, адреса, место и општина, датум на раѓање, податок за иселени лица и број на гласачко место), содржани во Списокот на неконзистентни записи – предмет на теренски проверки, бидејќи Државната изборна комисија нема правна основа да врши обработка преку објавување на лични податоци на физички лица, кои ќе бидат утврдени како неконзистентни записи и ќе бидат предмет на теренски проверки.

Иако на вчерашната седница на ДИК беше договорено спорниот список да биде тргнат тој и денеска сè уште е достапен за преземање од веб-страницата на Комисијата.