/ Прочитано:

1.221

Заемно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Црна Гора

Понеделник, 15 септември 2014 – Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ќе биде во работна посета во Црна Гора.

Јанкулоска во Подгорица ќе оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Црна Гора, Рашка Коњевича при што ќе се потпише и Спогодба за заемно признавање на возачките дозволи на граѓаните од двете земји.

Црна Гора е втората земја во регионот со која Македонија се договори за заемно признавање на возачките дозволи. Таква спогодба во јули годинава беше потпишана со Србија.