/ Прочитано:

1.835

Закон за поддршка на млади при купување на музички инструменти – ново законско решение се подготвува во МОН

Министерството за образование и наука најави дека подготвува Закон за поддршка на млади при купување на музички инструменти. Со Законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти се предвидува поврат на дел од средствата за купени нови музички инструменти од страна на ученици и студенти, што ќе овозможи поквалитетно понатамошно образование на учениците и студентите.

„Целта на Предлог-законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти е овозможување на што поголем број на ученици и студенти да имаат можност да набават свој музички инструмент. Со купувањето музички инструмент на учениците, односно на студентите им се олеснува процесот на образование, добиваат повеќе време за вежбање и усовршување на инструментот и се стимулираат за учествување на повеќе државни и меѓународни натпревари“, се вели во законското образложение.

M.В