/ Прочитано:

1.281

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец АПРИЛ 2015

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец април 2015 година, заедно со деталниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

 lila

На 7 април започнува да се применува Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност. Со овој закон се уредува она што се смета за вршење на нерегистрирана дејност, исклучоците за тоа што не се смета за вршење на нерегистрирана дејност, соучесниците во вршењето на нерегистрирана дејност, надлежните органи за постапување при спречување и заштита од појавата на нерегистрирана дејност, инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон, управните мерки за заштита, како и прекршочните одредби.

Со стапувањето на примена на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност стапуваат во примена и одредби од закони кои се однесуваат на  инспекцискиот надзор над вршењето на нерегистрираната дејност. Меѓу тие закони се:  Законот за просторно и урбанистичко планирање (2014), Законот за градење, Законот за инспекцијата на труд, Законот за просветната инспекција, Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, Законот за Државен пазарен инспекторат и останати законски прописи кои се наоѓаат во дадениот табеларен табеларен приказ.

Исто така, во месец април започнуваат да се применуваат одредби од Законот за превоз во патниот сообраќај, во врска со издавањето на лиценца за меѓуопштински линиски превоз на патници и лиценца за меѓународен линиски превоз на патници.

Започнуваат да се применуваат и одредби од Законот за концесии и јавно приватно партнерство, во врска со спроведувањето на електронската аукција.

Во месец април стапуваат во примена и одредби од следниве подзаконски акти: Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за вршење на одделните видови на превоз во патниот сообраќај и за формата и содржината на потврдата за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови, Одлука за донесување на Измени и дополнувања на мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија, Одлука за проверка на автентичноста и соодветноста, условите и начинот на враќање на книжните и кованите пари во оптек.

Преглед на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец април 2015 година