/ Прочитано:

3.244

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2017

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јануари 2017 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

akademik..

На 1 јануари стапува во примена Законот за нотаријатот. Со овој закон се уредуваат организацијата на нотаријатот како јавна служба и неговите органи, постапката за именување и разрешување на нотарите, делокругот на работа и службените дејствија на нотарите, овластувањата на нотарите, составувањето на нотарски исправи, надзорот и дисциплинската одговорност на нотарите, како и други прашања кои се однесуваат на нотаријатот.

На 1 јануари стапува во примена Законот за извршување. Со овој закон се уредуваат правилата според кои извршителите постапуваат заради присилно извршување на судска одлука која гласи на исполнување на обврска, освен ако со друг закон поинаку не е определено.

На 1 јануари стапува во примена Законот за скијалишта. Со овој закон се уредуваат условите за уредување, одржување, опремување и користење на скијалишта, правата и обврските на управувачите и корисниците на скијалиштата, обезбедување на услуги на скијалишта, обележување и поставување на сигнализација на скијалишта, користење на превозни средства на скијалишта, безбедност и ред на скијалиштата, подучување на скијалиштата, како и други прашања што се од значење за користење на скијалиштата.

На 1 јануари стапуваат во примена одредби од Законот за данокот на додадена вредност во врска со поднесувањето периодичен извештај од денарски трансакциски сметки и девизни сметки.

На 1 јануари стапуваат во примена одредби од Законот за данокот на добивка во врска со расходи за даночни цели, даночните поттикнувања кои се однесуваат на донирањето финансиски средства на спортските федерации и активните спортисти.

На 1 јануари стапуваат во примена одредби од Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување кои се однесуваат на  извршител за обврзник за плаќање за кој има спроведено наплата од парични средства за придонеси по основ извршување на судска пресуда, стечаен управник за обврзник за плаќање вработен кај должникот кого го застапува и претставува, основицата за придонеси утврдена во судската пресуда и износот од стечaјната маса што е распределен за уплата на придонеси.

На 1 јануари стапуваат во примана одредби од Законот за внатрешни работи во врска со класификацијата на работните места, актите за организација и работа и условите за унапредување на друго работно место.

На 1 јануари стапуваат во примена одредби од Законот за матичната евиденција во врска со поимите употребени во Законот, постапката за донесување на решение за дополнителен упис во матичните книги и изводот од матичната книга кој се издава  во дипломатско конзуларните претставништва.

На 8 јануари стапуваат во примена одредби од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители во врска со пополнување на потребниот број на јавни обвинители за извршување на нивната надлежност во согласност со закон, во почетната обука на Академијата.

На 30 јануари стапуваат во примена одредби од Законот за високото образование во врска со изборот и разрешувањето на декан.

На 1 јануари стапуваат во примана Правилникот за формата и содржината на пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност, Правилникот за постапката за издавање на извод од матична книга на родени, извод од матична книга на умрени и извод од матична книга на венчани и начинот на водењето на евиденцијата за издадените изводи од матичните книги од страна на дипломатските и конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги.

На 1 јануари стапува во примена Програмата за обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство, за 2017 година, Одлуката за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2017 година, Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите со цел промовирање на меѓуетнички односи за 2017 година, Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2017 година, Програмата за обезбедување на трошоците за болни кои се третираат со дијализа и активности за пациентите со хемофилија во Република Македонија за 2017 година…Целосен табеларен преглед на прописите чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2017