/ Прочитано:

1.253

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јули 2016

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јули 2016 година, заедно со целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

foto akademik

На 1 јули стапува во примена Закон за Национална база на податоци за лица со инвалидност. Со овој закон се уредуваат воспоставувањето и функционирањето на националната база на податоци за лица со инвалидност, обработка на податоците во базата, користењето на податоците во базата, безбедноста на податоците и надзорот над функционирање на базата.

На 31 јули стапува во примена Законот за општата управна постапка. Со овој закон се уредуваат постапката за остварување на заштита на правата и правните интереси на физичките лица, правните лица и другите странки, како и заштита на јавниот интерес по која се должни да постапуваат министерствата, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на Градот Скопје и општините во Градот Скопје, кога во вршењето на своите законски надлежности, постапуваат, решаваат и преземаат други управни дејствија во управни работи.

 1 јули стапуваат во примена одредби од Законот за социјалната заштита, кои се однесуваат на  висината на социјалната парична помош и одредби од Законот за акцизите кои се однесуваат на должноста за правење на  попис на затечени залихи на меѓупроизводи и етил алкохол во акцизни складови или складови на увозникот, во случај на зголемување на акцизата и зголемување на малопродажната цена.

На 31.7.2016 година, започнуваат да се применуваат измените во следниве закони, донесени со цел за усогласување на нивните одредби со новиот Закон за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015): Закон за странците (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 217/2015); Закон за административни службеници (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2016); Закон за акцизите (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за експропријација (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за финансиските друштва (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за вршење на услуги брз трансфер на пари (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за ревизија (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за инвестициски фондови (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за преземање на акционерските друштва (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за даноците на имот (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за игрите на среќа и за забавните игри (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Царински закон (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за вршење на сметководствени работи (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за комуналните такси (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за Царинската управа (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за данокот на добивка (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за хартии од вредност (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за даночна постапка (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016); Закон за вршење на работи за застапување во царинските постапки (закон за изменување и дополнување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2016)… Целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

На 1 јули стапуваат во примена Правилата за снабдување во краен случај со електрична енергија и  Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за спроведување на Законот за акцизите, на 20 јули стапува во примена Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на водење на книгата на налози, а на 23 јули стапуваат во примена одредби од Правилникот за формата и содржината на обрасците на барањата за издавање на меѓународната возачка дозвола и одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство, како и формата и содржината на образецот на меѓународната возачка дозвола и одобрението за управување со туѓо моторно возило во странство. На 31 јули стапуваат во примена одредби од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за спроведување на Законот за акцизите, одредби од Правилникот за формата и содржината на барањето за враќање на данокот на додадена вредност на меѓународни организации и за формата и содржината на барањето за враќање на данокот на додадена вредност на членови на меѓународни организации, одредби од Правилникот за формата и содржината на барањето за враќање на данокот на додадена вредност на странско дипломатско или конзуларно претставништво и за формата и содржината на барањето за враќање на данокот на додадена вредност на шефот, членовите на дипломатскиот персонал и конзуларните функционери на странското дипломатско или конзуларно претставништво, како и на нивните брачни другари, одредби од Правилникот за формата и содржината на барањето за враќање на данокот на додадена вредност на непрофитни организации, како и потребната документација за исполнетоста на условите за враќање на данокот на додадена вредност…Целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.