/ Прочитано:

1.247

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ЈУНИ 2015

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јуни 2015 година, заедно со деталниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат. 

 zelena

На 1 јуни стапуваат во примена одредби од Законот за просторно и урбанистичко планирање во врска со Мислењето на конечен предлог на урбанистички план, постапката за изработување и донесување на регулациски план на генерален урбанистички план и урбанистичко-планска документација за градби од посебен интерес.

На 1 јуни стапуваат во примена одредби од Законот за пензиското и инвалидското осигурување во врска со Комисијата која ќе одлучува за сместувањето во домовите и становите за живеење и должноста на Фондот да обезбеди електронска форма и пристап преку интернет на податоци од матичната евиденција на осигурениците.

На 1 јуни стапуваат во примена одредби Законот за социјалната заштита во врска со  надоместокот за трошоците за сместеното лице и надоместокот за згрижување.

На 15 јуни стапуваат во примена одредби од Законот за јавните патишта со кои се се утврдува постапката за издавање на решение за траен режим на сообраќај на државните патишта и постапка за издавање на одобрение за времена измена на режимот на сообраќај на државните патишта.

На 1 јуни почнуваат да се применуваат одредби од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на обрасците на барањата и потребната документација за остварување на правата за заштита на децата, Правилникот за дополнување на Правилникот за поблиските услови, критериуми и начинот на остварување на правата за заштита на децата, целата Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор >>> Целосен табеларен преглед на законски и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јуни 2015