/ Прочитано:

1.075

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај 2016

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец мај 2016 година, заедно со целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

akad 1

На 1 мај стапуваат во примена одредби од  Законот за спортот, кои се однесуваат на лиценцата за организирање на спортска школа, објектите за спорт и водењето регистар во електронска форма на членови на навивачка група.

На 29 мај стапуваат во примена одредби од Законот за возила и Законот за виното. Одредбите од Законот за возила се однесуваат на користењето на потврда за пробно возење, додека, пак, одредбите од Законот за виното се однесуваат на обврската на производителите на вино да доставуваат извештај за претходната година, а трговците со винско грозје за производство на вино, како и производителите на вино се должни откупеното винско грозје да го исплатат најдоцна во рок од 90 дена од денот на откупот.

На 10 мај стапува во примена и Законот за заштита на приватноста. Со овој закон се утврдува заштитата на приватноста на граѓаните на Република Македонија, гарантирана со Уставот и со Европската конвенција за човекови права, во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година.

На 1 мај престанува да важи Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.

Во месец мај стапуваат во примена Одлуката за начинот и условите за отворање и водење сметки на нерезиденти, Одлуката за начинот и условите под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти, потоа Одлуката за начинот на кој резидентите отвораат девизни сметки и Правилник за постапки, процедури и минимум услови за безбедно полетување и слетување на воздухопловите.

Престанува да важи Одлуката за условите и начинот под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти, Правилникот за постапки, процедури и минимум услови за безбедно полетување и слетување на воздухопловите… Целосен преглед на законите и подзаконските прописи  чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец мај