/ Прочитано:

1.180

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец МАРТ 2015

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец март 2015 година, заедно со детален табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

plava

На 1 март стапува во примена Законот за просторно и урбанистичко планирање. Со овој закон се уредуваат условите и начинот на системот на просторното и урбанистичкото планирање, видовите и содржината на плановите, изработувањето и постапката за донесување на плановите, спроведувањето на плановите и следењето на реализацијата на плановите, надзорот и други прашања од областа на просторното и урбанистичкото планирање.

На 1 март стапуваат во примена одредбите од Законот за данокот на додадена вредност  кои се однесуваат на должноста на даночниот обврзник да издаде фактура за прометот извршен спрема други даночни обврзници. Фактурата може да се издаде во хартиена или електронска форма.

На 13 март стапуваат во примена одредбите од Законот за јавните набавки кои се однесуваат на составот на Советот за јавни набавки.

На 27 март стапуваат во примена одредби од Законот за процена кои се однесуваат на условите за стручен испит за проценувач.

Во повеќето закони, чиишто одредби стапуваат во примена во месец март, новина се новите услови за поставување директори, заменици-директори и раководители на институции (освен познавањето англиски јазик, што ќе важи од следната година), а меѓу нив се и Законот за архивски материјал, Законот за трговските друштва, Законот за вештачење, Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија, Законот за заштита на конкуренцијата и останатите закони што можете да ги погледнете во приложената листа, во која се наведени и законите чиишто одредби престануваат да важат во месец март:

Преглед на Закони  чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец МАРТ 2015 

Во месец март стапуваат во примена: Правилникот за формата и содржината на безбедносниот прашалник за спроведување на безбедносна проверка на лицето кое заснова работен однос во Министерството за внатрешни работи, Правилникот за начинот на спроведување на полугодишното интервју, формата и содржината на писменото укажување во постапката за подобрување на ефектот, како и формата и содржината на извештајот за полугодишното интервју во континуирано следење на ефектот на работниците во Министерството за внатрешни работи, Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на Комисијата за избор на кандидат за полицаец и останатите подзаконски прописи кои можете да ги погледнете во приложената листа, во која се наведени и подзаконските прописи чиишто одредби престануваат да важат во месец март:

Преглед на подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец МАРТ 2015