/ Прочитано:

1.197

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец март 2016

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец март 2016 година, заедно со целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

akademik..

Во месец март стапуваат во примена одредби од Законот за Државен пазарен инспекторат, Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен,  Законот за управната инспекција, Законот за катастар на недвижности, Закон за класифицирани информации, Закон за Бирото за развој на образованието, Законот за акредитација, Закон за енергетика, Закон за трговските друштва, Законот за архивски материјал, Законот за полиција, Закон за просветната инспекција, Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, Законот за просторно и урбанистичко планирање,  Закон за внатрешни работи, Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Македонија, Законот за градење, Законот за домување, Законот за Управата за јавни приходи, Законот за заштита на личните податоци, Законот за ревизија, Законот за јавните набавки, Законот за матична евиденција, Законот за вештачење, Законот за Народната банка на Република Македонија, Законот за хартии од вредност, Закон за извршување на санкциите, Закон за спречување и заштита од дискриминација, Закон за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување…целосен преглед на табелата на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во месец март.

Во 95 закони измените се однесуваат на барањето за познавање англиски јазик од страна на директорите, замениците директори или другите раководни лица – функционери на органи на државна управа, државни органи, институции, организации, агенции и установи од јавниот сектор, од Агенција за катастар и разни инспекторати, до регулаторни тела, здравствени установи, фондови, комисии, итн. За сите нив, ова барање започнува да се применува во периодот од 7 до 13 март 2016 година.

Во месец март престануваат да важат одредби од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Закон за пензиското и инвалидското осигурување, Закон за здравственото осигурување, а кои се однесуваат на ослободувањето од плаќање на придонеси од задолжителното социјално осигурување.

На 18 март стапува во примена Законот за заштита на укажувачи. Со овој закон се уредуваат заштитеното пријавување, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица во врска со заштитеното пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите.

На 1 март започнува да се применува целиот Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за статистичките осигурителни стандарди на друштвата за осигурување и/или реосигурување.

Целосен преглед на табелата на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во месец март