/ Прочитано:

1.107

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец НОЕМВРИ 2015

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец  ноември  2015 година, заедно со  целосен табеларен преглед одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

 plava

На први ноември стапуваат во примена одредби од Законот за трговските друштва, кои се однесуваат на пријавите за упис во трговскиот регистар, системот за е-регистрација, постапката за упис во трговскиот регистар, основање на командитното друштво и договорот за основање на друштвото со ограничена одговорност и уписот на преобразбата од една во друга форма на друштвото.

На први ноември стапуваат во примена одредби од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, кои се однесуваат на адвокатите и адвокатските друштва како регистрациони агенти, постапката за добивање на овластување за регистрационен агент и правото на жалба и надлежноста за решавање по жалба.

На осми ноември стапуваат во примена одредби од Законот за шумите, со кои се уредува правото и обврската на работникот на шумската да се обучува во согласност со потребите на шумската полиција.

Од подзаконските прописи, на први ноември стапува во примена  целата Одлука за начинот и условите за евидентирање и поднесување извештаи за склучените кредитни работи, а престанува да важи Одлуката за евидентирање на кредитните работи со странство и Одлуката за начинот и условите за поднесување извештаи за склучени кредитни работи.

Целосен табеларен преглед на законските и подзаконските прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец ноември 2015