/Прочитано:

580

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ноември 2016

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец ноември 2016 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

akademik foto 1

На 1 ноември започнува да се применува Законот за пробација. Со овој закон се уредуваат пробациските работи и постапката за извршување на алтернативните мерки условна осуда со заштитен надзор, општокорисна работа и куќен затвор, обврски изречени во кривична постапка во согласност со закон, како и извршувањето на условниот отпуст изречен по одлука на суд, кои се извршуваат во заедницата, целта, положбата на лицата во постапката за извршување на алтернативни мерки и обврски и надзор над извршувањето.

На 1 ноември започнуваат да се применуваат одредби од Кривичниот законик кои се однесуваат на  спроведувањето на заштитениот надзор, писмените опомени и мерката за изрекување на општокорисна работа и условите за изрекување на куќен затвор.

На 7 ноември започнуваат да се применуваат одредби од Законот за здравјето на растенијата кои се однесуваат на именувањето на директор на Државната фитосанитарна лабораторија.

На 1 ноември започнува да се применува Колективниот договор за енергетика, а на 7 ноември започнува да се применува Правилникот за формата и содржината на образецот на лиценцата за автошкола.

На 1 ноември престанува да важи Глава XVIII Извршување на алтернативните мерки од Закон за извршување на санкциите.

Целосен табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ноември 2016