/ Прочитано:

1.371

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец октомври 2016

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец октомври 2016 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

foto akademik

На 1 октомври стапува во примена Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење. Со овој закон се уредуваат условите и постапката за спроведување на основната и напредната обука и испитот за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење. Основната и напредната обука за кандидат за директор  се спроведува со цел кандидатот да се стекне со потребните професионални компетенции за успешно организирање, раководење на воспитно-образовната работа и администрирање на работата во училиштето.

На 8 октомври стапува во примена Законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење. Со овој закон Старото градско јадро на Битола, кое претставува споменична целина, се прогласува за културно наследство од особено значење, поткатегорија – големо значење.

Од подзаконските прописи, на 1 октомври стапува во примена Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за начинот и постапката на маркетинг на пензиски фондови, Правилникот за формата и содржината на патниот налог за користење на возило со пробни преносливи метални таблици и формата и содржината на регистарот за издадени потврди за пробно возење и пробни таблици и Упатството за начинот на вршење на платниот промет со странство.

Исто така, на 24 октомври стапува во примена Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето и на образецот на дозволата за возач-инструктор, начинот на нејзино издавање и заменување и начинот на водење на евиденцијата за издадени дозволи за возач-инструктор во Министерството за внатрешни работи.

На 1 октомври престанува да важи Упатството за начинот на вршење на платниот промет со странство, додека  пак на 9 октомври престанува да важи Правилникот за измена на Правилникот за критериумот за рангирање на субдепозитарна банка на инвестициски фонд.

Целосен табеларен преглед на законите и подзаконските прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец октомври