/ Прочитано:

1.928

Започна пријавувањето за доделување стипендии од „Еуролинк“ за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“

„Еуролинк осигурување“ четврта година по ред го објавува огласот за стипендирање на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

„’Еуролинк осигурување’ донесе одлука да се продолжи рокот на аплицирање за доделување на еуролинк-стипендија. Сакаме да ве известиме дека новиот рок за пријавување и поднесување на потребната документација за доделување на еуролинк- стипендија е 10.10.2017 година (вторник). Стипендиската програма е наменета за 25 студенти на додипломски студии и 10 студенти на постдипломските студии“, известуваат од Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Кандидатите треба да ги достават документите во печатена форма до: проф. д-р Неда Здравева, Одбор за доделување на еуролинк-стипендија, Правен факултет „Јустинијан Први“, бул. Гоце Делчев, бр. 9Б, 1000 Скопје, во архивата на факултетот и во електронска форма на е-адресата: eurolinkstipendija@eurolink.com.mk.

„Еуролинк-стипендијата“ е дел од корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“.

Во прилог се условите за доделување на стипендии. ТУКА.

Во прилог е образецот за пријавен лист. ТУКА.