/ Прочитано:

1.332

Заштита на личните податоци во телекомуникациите

Понеделник, 5 мај 2014 – Заштита на приватноста на социјалните мрежи, користење на интернет сервисите во јавната администрација и приватните компании, како и следење на електронската комуникација, се само некои од темите на 55 состанок на Меѓународната работна група за заштита на личните податоци во телекомуникацискиот сектор.

Состанокот ќе се одржува денеска и утре , а предвидено е учество на 40 домашни и странски експерти. Посветен е на најновите достигнувања во областа, но и на предизвикот за воспоставување баланс меѓу напредокот на технологијата и правната регулатива за заштита на приватноста.

 На отворањето ќе зборуваат директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Димитар Ѓеорѓиевски и поранешниот федерален комесар за заштита на личните податоци и слобода на информирање Питер Шар.