/ Прочитано:

1.579

Ако не се намалат судските такси и судскиот реваншизам ќе преземеме радикални мерки – порачуваат од Здружението на граѓани „Јустиција“

Четврток, 13 февруари 2014 – Здружението на граѓани за заштита на човековите права, слободи и праведно судење „Јустиција“ од Делчево, реагира на бројните претставки, поплаки и незадоволство на граѓани од одлуките на судската власт на штипското апелациско подрачје.

Според Претседателот на здружението, Славчо Десподов,  граѓаните укажуваат на голем број на судски одлуки и постапки водени спротивно на законите.

Десподов изјавува дека  членовите ќе преземат порадикални мерки односно ќе почнат протести пред судовите за да се поддржи нивното барање за намалување на судските такси.

„Бараме од Министерството за правда не донесе уредба со која сумата за судските адвокатските и таксите за извршители ќе се намали за 50%“, велат од Здружението.

Здружението Јустиција бара да прекине одмаздата од страна на поедини судии врз раководството и членовите од нивното здружение.

Моментално, здружението  делува локално, но веќе започнале постапка и за формирање на свои ограноци низ градовите.