/ Прочитано:

836

Здружението на судии реагира на зачестените напади врз судиите

Четврток, 11 декември 2014 – Здружението на судии остро реагира на инцидентот со палењето на автомобилот на судијката Габриела Гајдова од Основниот суд во Велес.

„Здружението на судии на Република Македонија остро реагира на нападот на материјалните добра на судиите, доколку истите се насочени кон заплашување во нивното правораздавање. Во оваа насока истакнуваме загриженост од нападите на личниот интегритет на судиите и загрозување на нивната безбедност. Се надеваме дека надлежните органи во рамките на своите надлежности ќе преземат соодветни мерки за заштита на личниот интегритет, материјалните добра и приватноста на судиите“, се вели во реакцијата на Здружението на судии.

Автомобилот на судијката беше опожарен во неделата вечерта пред нејзиниот дом во Велес. Полицијата врши вештачење и ги утврдува причините за опожарувањето.