/ Прочитано:

975

ЗЕЛС со иницијатива за измени на Законот за финансиска дисциплина – нелогичности го прават Законот неприменлив!

Понеделник, 14 јули 2014 – Заедницата на единци на локална самоуправа на Република Македонија со иницијатива за измени во Законот за финансиска дисциплина. Законот е нелогичен и тоа ќе ја доведе под знак прашање применливоста на овој закон, децидни се од ЗЕЛС.

ЗЕЛС иницира законски измени – Министерството за финансии се согласува дека има нелогичности

Од ЗЕЛС за Академик велат дека ваквите детектирани слабости на Законот како заклучоци биле донесени на седница на Управниот одбор, а покрај овие заклучоци било дискутирано и за  Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за јавни набавки.

„На седницата беше истакнато дека, на барање на општините, ЗЕЛС организира советување, за толкување на Закон за финансиска дисциплина. Беше посочено дека присутните претставници од локалните власти, на советувањето, пред претставникот од Министерството за финансии, изнесоа голем број на нелогичности за неприменливост на законски одредби за општините, а дел од нив може да доведат до самоблокирање на голем број општини. Беше укажано дека и Министерството за финасии веќе ги согледало нелогичностите, поради што ќе се пристапи кон одредени измени на Законот. УО заклучи , ЗЕЛС да ги собере сите предлози и иницијативи од општините, кои се однесуваат на овој Закон и истите да ги испрати до Министерството за финансии“, потенцираат од ЗЕЛС.

Од ЗЕЛС велат дека на седницата било изнесено и барање со конкретни предлози за измени во Законот за просторно и урбанистичко планирање, особено во делот на урбанистички план за село и урбанистички план за вон населено место, со цел обезбедување на поголема флексибилност во оваа област.

Забелешки и за Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за јавни набавки

„Да се овозможи реконструкција, адаптација и пренамена во рамките на габаритот на постојните градби, кога станува збор за новите ДУП-ови со кои не се превидува развој, потоа во однос на мислењето за животна средина и друго. Во ЗЕЛС, веќе беше организиран состанок на претставници од урбанизам од општините, со претставници од Министерството за транспорт и врски, каде беа изнесени голем број на забелешки. ЗЕЛС ќе обезбеди сублимирана информација со предлози и иницијативи за измени и дополнувања на Законот за просторно и урбанистичко планирање, за што МТВ веќе покренува постапка“ додаваат од таму.

Според ЗЕЛС, нелогичности и одолговлекување на постапката постојат и во измените во јавните набавки, особено во делот на функционирањето и постапките на Советот за јавни набавки.

„На седницата на Управниот одбор беше укажано дека новиот Закон за јавни набавки, претставува кочница во работењето на локалната власт и значително ја намалува ефикасност на работењето на општините, а предизвикува и непланирано големи трошоци во однос на одвојувањето на средства за исплаќање на членовите на Советот за јавни набавки. УО донесе заклучок да се испрати писмо до Министерството за финансии, со иницијатива за пристапување кон законски измени“, нагласуваат од ЗЕЛС.

М.В / veljanoskim@akademik.mk