/ Прочитано:

1.037

Златото од Агенцијата за управување со одземен имот во кривична и прекршочна постапка ќе ѝ се отстапува на Народната банка

Четврток, 23 април 2015 – Министерството за правда подготвува нови измени на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

http://kukuriku.mk/wp-content/uploads/2015/02/132496384.jpg

Како што посочуваат од Министерството за правда, со измените се создава можност  благородните метали што ги има стекнато Агенцијата за управување со одземен имот во кривична и прекршочна постапка да може да ѝ ги отстапи на Народна банка на Република Македонија со цел негово претворање во златни прачки.

„Предлог-законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка предлага системски подобрувања во однос на постапките за управување со одземен имот и поставеноста на Агенцијата и можноста благородните метали – златото што го има стекнато Агенцијата за управување со одземен имот во кривична и прекршочна постапка да ѝ се отстапи на Народна банка на Република Македонија со цел негово претворање во златни прачки“, велат од Министерството за правда.

Од Министерството додаваат дека со предлог-законот воедно се вршат измени во насока на забрзување и поедноставување на постапката за добивање согласност од судовите за продажба и отстапување на привремено одземени возила.

M.В