/ Прочитано:

747

ЗНМ: Нападот врз „Шарли eбдо“ е кукавички чин врз слободата на медиумите и слободите воопшто

Четврток, 8 јануари 2014 – Здружението на новинарите на Македонија ја осуди вчерашната егзекуција на новинарите од францускиот магазин „Шарли eбдо“ од Париз.

„Во овие тажни моменти изразуваме сочувство на семејствата на настраданите и се солидаризираме со целиот француски народ. Овој кукавички чин не е само напад врз слободата на медиумите, туку е напад и врз цивилизациските вредности на слободниот свет.

 Насилството во никој случај не смее да се толерира, а злосторниците мора најостро да се казнуваат.

 Екстремистите и терористите мора да се поразат во име на слободата, мирот и разбирањето меѓу цивилизациите“, порача ЗНМ.