/ Прочитано:

1.979

Зоран Петрески реизбран за претседател на Комората на извршители

Зоран Петрески денеска повторно е избран за претседател на Комората на извршители на Република Македонија (КИРМ).

akad 4

Претседателот на Комората ја претставува и застапува Комората во Република Македонија и странство и се грижи за заштита и угледот на Комората, извршителите и извршителската дејност воопшто, ги спроведува одлуките на органите на Комората, се грижи работењето на Комората да се врши според законските прописи, Статутот и другите акти на Комората,  ја организира и координира стручната служба на Комората и врши други надлежности определени со актите на Комората.

На денешното Собрание на Комората на извршители, покрај претседателот Зоран Петрески беа избрани и органите на Комората, односно членовите на новиот Управен и Надзорен одбор, како и членовите на Дисциплинската комисија. Мандатот ќе го извршуваат во наредните две години.

За членови на УО на КИРМ се избрани Емилија Павловска, Гордана Џутевска, Јорданчо Давитковски, Весна Јакимовска, Ангелка Ефковска, Благој Бањарски и Јасер Асани.

Комората на извршители е основана на 7 јуни 2006 година на Основачко Собрание на Комората  на извршители и на истото се избрани органите на Комора предвидени со Законот за извршување. Комората е со својство на правно лице и седиште во Скопје и во неа задолжително се здружуваат извршителите и замениците на извршителите

КИРМ е организација во која по закон членуваат сите извршители и нивните заменици, која се грижи за заштита на статусот и угледот на извршителите, заради зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Основни статутарни цели на Комората на извршители се унапредување, координирање и развивање на извршителската дејност во Република Македонија, заштита на самостојноста и независноста на извршителите, континуирано стручно оспособување на извршителите и остварување на јавност и транспарентност на работата на Комората и вршењето на должноста на извршителите.

Комората се грижи за заштита на статусот и правата на извршителите и афирмација и развивање на угледот на Комората на извршители во општеството. Понатаму, афирмација на стручно и ефикасно извршување на судските пресуди и други извршни исправи со цел за остварување на правниот поредок, правото на приватна сопственост и крајна афирмација на правосудната власт како столб на државата.

Комората на извршители во својот делокруг на работа става голем акцент на грижата на уставноправниот статус и заштита на правата, слободите и достоинството на странките и учесниците во извршувањето.

Врвна цел на Комората на извршители е севкупно унапредување на стандардите на извршувањето, примена на највисоките европски стандарди и добри практики во македонскиот систем на извршување.

Комората на извршители на Република Македонија од 29 ноември 2007 година е рамноправна членка на Меѓународната унија на судски извршители, а воедно е и членка на Евродунавската група при оваа Унија.

„Новиот Закон носи придобивки за сите учесници во извршувањето“ – ЗОРАН ПЕТРЕСКИ, претседател на КИРМ