/ Прочитано:

1.810

ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА ДИВА НАСЕЛБА: Приговорите на обвинетите одбиени како неосновани

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го одобри обвинението за случувањата во кумановската „Дива Населба“, а приговорите на 29-те обвинети ги одби како неосновани. 

diva-naselba-6.jpgОбвинетите, за кои се’ уште не се знае кога ќе седнат на обвинителна клупа, се товарат за кривичните дела  Терористичка организација и Тероризам.

„Советот за оценка на обвинителен акт по детална анализа на наводите наведени во писмените приговори на обвинителниот акт, доставени до судот, како и наводите на обвинетите и нивните бранители дадени на јавно одржаната седница за оценка на обвинителен акт и ценејќи ги фактите врз кои се заснова актот, го одобри обвинителниот акт, а приговорите ги одби како неосновани.

Советот смета дека наводите во приговорите претставуваат одбрана на обвинетите, заради што цени дека е потребно да се одржи главна расправа на која во непосредна, контрадикторна постапка истите ќе имаат можност да ја изложат својата одбрана, па по проверка на сите релевантни докази судот да ја утврди фактичката состојба по кривично – правните настани наведени во овој кривичен предмет.

По распоредување на обвинителниот акт на надлежен судечки совет за постапување ќе биде закажан термин за одржување на главната расправа за што судот дополнително ќе ја извести јавностаж“, се вели во соопштението на Судот.

На рочиштето за оценка на обвинителниот акт сите 29 обвинети рекоа дека не се чувствуваат виновни. Според одбраната, која не негира дека имало вооружена група, предметот треба да се предаде на специјалната обвинителка, бидејќи мотивот, како што велат, не е тероризам, а обвинетите се жртви на друго сценарио.

Во дводневната престрелка во кумановската Дива населба, на 9 и 10 мај, загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група.

>> Обвинетите од Дива населба не се чувствуваат виновни — одбраната тврди дека мотивот не е тероризам