/ Прочитано:

1.738

Венецијанската комисија доаѓа во Македонија за законите за заштита на „свиркачите“ и за заштита на приватноста

Потребата од донесувањето на овие два закони беше иницирана од договорот од Пржино кој беше потпишан од четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, а поддржан од Европската унија и САД.

korupcija.jpeg

На барање на македонските власти поднесено во декември 2015 година група на известувачи од Веницијанската комисија ќе ја посетат земјава во текот на идната недела, 8 и 9 февруари.

Како што е наведено во официјалното соопштение на веб страната на Венецијанската комисија, треба да бидат остварени средби со локалните засегнати страни на кои ќе се разговара за двата закони предложени во 2015 година – законот за заштита на приватноста, популарно познат како законот за „бомбите“ и законот за заштита на свиркачите.

Потребата од донесувањето на овие два закони беше иницирана од договорот од Пржино кој беше потпишан од четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, а поддржан од Европската унија и САД.

Претставниците на Венецијанската комисија треба да состават мислење кое се однесува на овие два прописи кое треба да биде поднесено и усвоено до март 2016 година на пленарната седница на Венецијанската комисија.

Неофицијално, претставниците на Венецијанската комисија треба да имаат средба и со новинари и претставници на медиумските здруженија.

Венецијанската комисија е советодавно тело на Советот на Европа за уставни прашања.

Улогата на Венецијанската комисија е да се обезбеди правна помош за земјите-членки и, особено, да им помогне на државите кои сакаат да ги доведат нивните законски и институционални структури во согласност со европските стандарди и меѓународно искуство на полето на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

АГОРА СЕСИЈА за владеењето на правото – за ефикасно справување со корупција потребен е закон за заштита на „свиркачи“