/ Прочитано:

4.187

КАТАСТАР: Увид во состојбата на имотот преку апликацијата „watch dog“

Оваа апликација најпрво ќе им биде понудена на банките, извршителите и компаниите од кои и произлегла потребата од ваков систем. Тие ќе можат преку регистрирање и претплата на сервисот да имаат увид во состојбата на имотот за кој се заинтересирани.

danok_imot.jpg

Целосен увид во состојбата на определен имот воведува Агенцијата за катастар на недвижности преку апликацијата „watch dog“.

Оваа апликација најпрво ќе им биде понудена на банките, извршителите и компаниите од кои и произлегла потребата за ваков систем. Тие ќе можат преку регистрирање и претплата на сервисот да имаат увид во состојбата на имотот за кој се заинтересирани.

„Се работи за апликација која е директно барање од банките и од извршителите и која ќе ја зголеми правната сигурност на имотот за кој доверителите се должни да се грижат во смисла на обезбедување. Се работи за апликација со која било дали е банка, извршител или доверител, ќе може преку електронскиот шалтер да се најави и да го лоцира имотот за кој има правен интерес“, рече директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Новата услуга денеска им беше промовирана на околу 40 компании членки на Стопанската комора на Македонија.

„Како Стопанска комора на Македонија сметаме дека со оваа мерка ќе се зголеми правната сигурност и на доверителите бидејќи во секој момент ќе имаат увид во состојбата на имотот кој е ставен како залог“, истакна извршниот директор на Комората, Јелисавета Георгиева на денешната прес­-конференција.

И од Комората на извршители оценија дека новата апликација ќе биде од голема корист во нивното работење.

„Со апликацијата „watch dog“, извршителот од првиот момент кога би почнал една постапка ќе може да ги следи сите промени. Од една страна ова ќе оневозможи какви било манипулации со недвижноста, а од друга страна ќе се избегнат и одредени трошоци кои би настанале во постапката на извршување доколку навреме не би имале точна информација за тој имот“, нагласи Зоран Петрески, претседател на Комората на извршители.