< 2024 >
May
MoTuWeThFrSaSu
  12345
6789101112
13141516
  • 10:00 -14:00
    16/05/2024Europe/Skopje

    На 16.05.2024 година (четврток), 10:00 – 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн семинар на тема: „Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи“.

    На семинарот ќе биде разработен ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА НА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ ВО СИНЏИРОТ НА СНАБДУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ и ќе биде дадена компаративна пракса од ЕУ и земјите од регионот при спроведувањето на Директивата (EU) 2019/633 на Европскиот парламент и Советот од 17.04.2019 за нефер трговски практики во односите бизнис со бизнис во синџирот на снабдување во земјоделието и храната и националните закони.

    Семинарот ќе биде поделен во две тематски целини:

    • што претставуваат нефер трговските практики (црна листа) и исклучоците (сива листа) во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи и
    • договор за снабдување на земјоделските производи и постапка пред Комисијата за заштита на конкуренција.

    Во рамките на овие тематски целини, на семинарот ќе се разговара поконкретно за следните прашања:

    • причини за донесување на Законот за нефер трговски практики;
    • клучни елементи за ефективна регулаторна рамка;
    • на кого се однесува Законот;
    • дефинирање на нефер трговски практики, купувач, добавувач, синџир на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, вкупен годишен приход, земјоделски прехранбени производи и расипливи земјоделски прехранбени производи, значителна преговарачка моќ и сл.;
    • ќе се разгледаат 26-те нефер трговски практики (црна листа) со примери и компаративна пракса;
    • ќе се разгледаат 5-те исклучоци од нефер трговски практики (сива листа), со примери и компаративна пракса;
    • колку може да изнесува рабатот и останатите признаени трошоци;
    • договор за снабдување на земјоделски и прехранбени производи (помеѓу добавувачот и купувачот);
    • форма, време на склучување, општи услови и задолжителни елементи на договорот за снабдување на земјоделски и прехранбени производи;
    • надлежност за спроведување на Законот – Комисија за заштита на конкуренцијата;
    • постапка пред Комисијата за заштита на конкуренцијата;
    • кој може да одговара за повреда на Законот – добавувачот и/или купувачот?
    • прекршочни одредби.

    Предавач на семинарот ќе биде д-р Валентин Пепељугоски, адвокат/партнер во Адвокатско друштво Пепељугоски и редовен професор во областа на право на интелектуална сопственост и антимонополско право, со долгогодишно искуство во областа на спроведување на правото на конкуренција и поранешен член на Анти-монополската управа.

    Цена за учество на семинарот за едно лице е 5.400 денари со вклучен ДДВ.

    Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на семинарот.

    Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 15.05.2024 година (среда), преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за семинарот може да се добијат на телефоните:

    • +389 071232342 и
    • +389 071232593.

    Во пријавата за учество на семинарот треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на семинарот и телефонскиот број на учесникот за контакт.

    Семинарот ќе се спроведува преку платформата ZOOM.

    Учесниците добиваат електронски материјали и е-сертификат за учество.

171819
20212223242526
2728293031