Адвокатите ќе наплаќаат без коморска маркичка
Коморската маркичка ја загуби улогата којашто ја имаше во согласност со адвокатската тарифа. Уставниот суд не ја спори маркичката како задолжителна на сите поднесоци до судот, но Уставнниот суд замери на актот на Адвокатската комора со којшто адвокатите не можеа да им наплатат на странките без коморската маркичка.
При застапување, адвокатот е должен на судот да му предаде и коморска маркичка (Фото: Бранко Костески)
Коморската маркичка не се користи во сите судови
Уставен суд: Kоморската маркичка нема да биде услов за наплата на адвокатските трошоци
Уставниот суд го укина условувањето на исплатата на паричната награда во согласност со адвокатската тарифа, со плаќање на коморска маркичка. Во одлуката на судот стои дека тоа не произлегува ниту од Законот за адвокатура, ниту од Законот за парничната постапка. Поради тоа Адвокатската комора го надминала законското овластување при носењето на тарифата за награда и трошоци на адвокатите и навлегла во законодавната сфера за којашто не е овластена.
Фискализацијата на адвокатите отиде во заборав
Обидот да се фискализираат адвокатите остана само на работната верзија на Законот за адвокатска маркичка. Иако Законот за адвокатура е правосилен, сè уште не постои адвокатската маркичка
Во членот 18 став 3 од Законот за адвокатура е пропишано дека на секој поднесок или исправа составена во адвокатска канцеларија, адвокатот е должен да стави штембил на адвокатското друштво, адвокатската маркичка издадена од надлежен државен орган, предвидена со посебен закон и коморска маркичка утврдена со акт на Адвокатската комора на Република Македонија и издадена од Адвокатската комора на Република Македонија. Исто така, во ставот 4 е пропишано дека при застапување пред суд и други органи, адвокатот е должен на судот да му предаде соодветна адвокатска и коморска маркичка за тоа застапување.