/ Прочитано:

2.084

АДВОКАТИТЕ РЕГИСТРАЦИОНИ АГЕНТИ ИМААТ ПРАВО НА НАДОМЕСТОК И НАГРАДА –Уставниот суд го укина ставот 7 од членот 35 од Законот за едношалтерски систем

Уставниот суд го укина ставот 7 од членот 35 од Законот за едношалтерски систем и водење на трговски регистар и регистар на други правни лица, со кој се предвидуваше извршената услуга за упис на основање трговец поединец и трговско друштво преку системот за е-регистрација, регистрациониот агент да ја врши без надоместок и награда.

slika

Александра Илиева-Милчова, адвокат од Скопје и Зоран Стојановски, адвокат од Тетово, се подносители на иницијативата до Уставниот суд за укинивање на посочениот став од член членот 35 на Законот за едношалтерски систем и водење на трговски регистар и регистар на други правни лица.

Според подносителите на иницијативата, со оспорениот член 35 став 7 од Законот, адвокатот бил ставен во подредена положба и неовластено му се наметнувала должноста да ги извршува работите без надоместок, како да е вработено лице во Централниот регистар, што било спротивно на уставната определба за самостојноста и независноста на адвокатот.

Со укинатиот член од Законот за предвидуваше дека извршената услуга за упис на основање на трговец поединец и трговско друштво преку Системот за е-регистрација, регистрациониот агент ја врши без надоместок и награда.

Судот оцени дека во конкретниот случај со исклучувањето од правото на надоместок и награда на регистрациониот агент за извршената работа законодавецот ги надминал уставните овластувања, и ги довел во прашање одредбите од Уставот и од меѓународните акти со кои се гарантира правото на соодветна заработувачка. Судот истакнува дека давањето конкретни услуги спаѓа во корпусот на услуги што вообичаено ги даваат адвокатите и трговските друштва за што остваруваат соодветна награда.

„Притоа, законодавецот не пропишал дека наместо странката во чие име се дава услугата дека државата ќе му исплати награда на адвокатот, односно регистрациониот агент за стручната услуга што од него се бара да ја даде“, истакнуваат од Уставниот суд.

Анализирајќи го Законот за адвокатурата и актите на АКРМ, Уставниот суд при поведувањето на постапката за уставноста на укинатиот член истакна дека адвокатот во обезбедувањето на правна помош може да преземе голем број на разновидни дејствија за кои има право на награда и надомест на трошоците за извршената работа во висина определена со Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите.

При тоа, според мислењето на Судот, доколку се ангажира регистрационен агент како подносител на пријавата за регистрирање во Централниот регистар во Системот на е-регистрација, кој има посебно решение за овластување за вршење на услугата за која имал и посебни трошоци, тој треба да добие соодветен надоместок.

За ваквото свое решение и одлука, Уставниот суд се повикува и на Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и на Европската социјална повелба во која е предвидено дека со цел да обезбедат вистинска примена на правото на правична заработувачка, страните договорнички се обврзуваат, покрај другото, да им го признаат правото на работниците на заработувачка доволна за да им обезбеди, нив како и на нивните семејства, пристоен животен стандард.

„Според меѓународните документи и Уставот правото на заработувачка, односно плата е есенцијално право на работникот кое нему и на неговото семејство му овозможува пристоен животен стандард“, се вели во одлуката на Уставниот суд.

М.В / veljanoskim@akademik.mk

УСТАВНИОТ СУД НА ИНИЦИЈАТИВА НА ДВАЈЦА АДВОКАТИ: Адвокатите регистрациони агенти имаат право на надоместок

АДВОКАТСКАТА КОМОРА И ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР: Адвокатите како регистрациони агенти се гаранција за правната сигурност и квалитетната правна услуга

Постапка за добивање на овластување „регистрационен агент“ – адвокат поединец и адвокатско друштво

Адвокатите ќе бидат овластени подносители на електронска пријава за основање, промени и бришење на трговските субјекти

ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ВО ИНТЕРЕС НА АДВОКАТУРАТА: Активности, предлози и констатации