/ Прочитано:

2.108

Агенцијата за катастар на недвижности отвори две нови канцеларии во Чашка и Македонска Каменица

 

„Од неодамна, на почетокот на август, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија отвори две нови канцеларии во Чашка и Македонска Каменица. Граѓаните од Чашка и Македонска Каменица веќе нема да мора да одат до соседните поголеми градови за да ги регулираат или остварат своите права од областа на катастарот на недвижности. Тоа значи дека покрај интернет опцијата, тие сега ќе можат да добијат имотен лист во овие канцеларии на АКН. Исто така, тука ќе се вршат и други катастарски работи, ќе се врши и запишување права на недвижностите и слични други активности од областа на геодезијата, односно од катастарот на недвижности.

Досега, граѓаните на Чашка патуваа и повеќе од 15 километри, за да ги добијат овие услуги во Одделението за катастар во Велес, додека, пак, граѓаните на Македонска Каменица патуваа до Делчево, оддалечено 24 километри. На овој начин, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија ги приближи услугите до голем број граѓани кои гравитираат кон овие средини, затоа што еден од приоритетите на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија е да работи и функционира во интерес на граѓаните“, информираат од Агенцијата за катастар на недвижности.