/ Прочитано:

1.081

Академијата за судии и јавни обвинители ја продолжува соработката со Европската мрежа за обуки во правосудството

Европската мрежа за обуки во правосудството е главната платформа и промотор за обука и размена на знаења за европското судство. Таа ги претставува интересите на над 120.000 европски судии, обвинители и судски тренери ширум Европа.

Мрежата е формирана во 2000 година и нејзините области на интерес ги опфаќаат: правото на ЕУ, граѓанско, кривично и трговско право и обука за лингвистиката и општествените прашања. Нејзината визијата е да помогне да се поттикне заедничка правна и судска европска култура.

Европската мрежа развива стандарди за обука и наставни програми, ги координира разменувањата и програмите за обука на судството, дистрибуира експертиза за обука и промовира соработка помеѓу институциите за обука на судството на ЕУ.

„За тековната година, Академијата ја обновува соработката со Мрежата, со што се отвора и можноста да се номинираат учесници и од правосудството во Република Македонија“, истакнуваат од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Повеќе за  повикот за апликации за обуки организирани од страна на Европската мрежа за обуки во правосудството на следниот линк.