/ Прочитано:

1.203

Академик ги одржа студентските обуки од областа на граѓанското право

Академик ги одржа студентските обуки од областа на граѓанското право, посветени на пишувањето правни поднесоци. Предавач на обуките беше судијката Антоанета Димовска, за која студентите искажуваат многу пофални зборови.

Судијката нагласи дека студентите ја совладале материјата од граѓанското право и дека одлично се подготвиле, за што доказ претставуваат правните поднесоци подготвени и презентирани од страна на студентите во рамките на обуката.

Формата, содржината и начинот на подготовка на тужбите и жалбите, како и видовите жалби, беа дел од темите за кои стана збор на обуките, а кои беа заокружени со практични вежби за пишување тужба и жалба.

„Ваквите практични обуки за нас значат многу. Го добиваме она што е најпотребно за секој студент по право и  за секој млад правник – знаењето како да се подготви конкретен правен акт. Атмосферата на обуките беше многу инспиративна, и подготовката на тужбите и жалбите беше предизвик за нас бидејќи знаевме дека ќе бидат оценувани од судијката, која најдобро знае како треба да изгледаат поднесоците и на што да се обрне внимание“, велат студентите.

Овие обуки, додаваат студенти, ни овозможуваат практично да се оспособиме за правната професија и да го надградиме стекнатото теоретско знаење.

„Повторно би ги посетиле практичните обуки за студенти бидејќи за нас претставуваат уникатна можност да дознаеме многу повеќе за парничната постапка, за процесите пред судовите, за подготовката на актите и за правилната примена на прописите. На вистински начин се подготвуваме за влез во светот на правото и правосудството“, истакнуваат студентите.

Академик започнува со нов циклус практични обуки за студенти, посветени на кривичното и граѓанското право