/Прочитано:

206

Академик ќе одржи обука за практичната примена на Законот за постапување со бесправно изградени објекти

На 14 февруари 2019 година (четврток) Академик ќе одржи обука за практичната примена на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Предавач на обуката ќе биде  Мартин Оџаклиески – државен советник за управно-надзорни работи при Министерството за транспорт и врски.

Важно: Поради огромниот интерес, Академик на 5 март ќе одржи уште една обука за Законот за постапување со бесправно изградени објекти

На обуката ќе се дискутира за многу отворени прашања кои произлегуваат од реални ситуации од практиката и ќе бидат разгледани објективни проблеми со кои се соочуваат учесниците во постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект.

Практичната обука ќе понуди конкретни насоки за спроведување успешна постапка за утврдување на правен статус на бесправен објект, како и за постапување во специфични случаи на бесправни објекти изградени во одредени заштитени подрачја.

Исто така, обуката ќе даде осврт на условите за добивање правен статус на бесправен објект, на начините на постапување во случај на промена на барател, на правната заштита во постапката, а ќе ги посочи и стандардите за вклопување на бесправните објекти, потенцијалните кризни ситуации и начините за нивно надминување.

Агенда:

Постапка за утврдување на правен статус на бесправен објект

  • Предмет на Законот;
  • Барање за утврдување правен статус на бесправен објект – форма и содржина;
  • Промена на барател – услови и постапка;
  • Фази на постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект;
  • Постапување и овластувања на надлежниот орган.

Услови за утврдување на правен статус на бесправен објект

  • Услови и начин на утврдување на правен статус на бесправен објект;
  • Посебни услови за одредени бесправни објекти со специфична намена и природа (бесправни објекти во крајбрежен појас на вештачки и природни езера и бесправни објекти изградени на траса предвидена за сообраќајна инфраструктура);
  • Специфични случаи на бесправни објекти изградени во одредени заштитени подрачја;
  • Условеност со статус на земјиште и законски решенија за надминување на проблематични случаи;
  • Анализа на Правилникот за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко-планската документација.

Утврдување на правен статус на објектот

  • Преглед на управните акти кои се донесуваат во постапката;
  • Запишување во јавна книга за недвижности;
  • Правна заштита во постапката и вложување на правни лекови;
  • Други прашања поврзани со постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект.

Прашања, одговори, дискусија со примери од практиката.

Време и место на одржување на обуката: 14.2.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.