/Прочитано:

1.179

АКАДЕМИК ОБУКА: Детална практична симулација на користењето на Информациониот систем за управување со човечки ресурси

На 22.5.2018 година (вторник), од 10:00 до 15:00 часот, Академик ќе одржи еднодневна обука на тема „Детална практична симулација на користењето на Информациониот систем за управување со човечки ресурси“, на која предавач ќе биде Лаура Идризи, помлад соработник за оценување на вработените во Министерството за информатичко општество и администрација.

Како задолжителна алатка за електронско управување со човечките ресурси во јавната администрација воспоставен е Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР). Внесувањето на податоците во системот и нивното тековно и навремено ажурирање е законска обврска на секоја институција од јавниот сектор и претставува предуслов за исплата на плати.

Со цел комплетна поддршка на субјектите за успешно управување со човечките ресурси во јавната администрација, Академик ја организира оваа еднодневна обука, на која преку практична симулација на користењето на ИСУЧР учесниците ќе добијат одговор на прашањата, како и предлози за решавање на проблемите со кои се соочуваат при користењето на ИСУЧР во секојдневното работење.

ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (ИСУЧР)

Значење и цел на ИСУЧР;

Субјекти кои имаат обврска за упис во системот;

Правни последици од неизвршен упис;

Овластено лице за работа со ИСУЧР;

Обврски и одговорности на овластеното лице.

СИМУЛАЦИЈА НА КОРИСТЕЊЕТО НА ИСУЧР 

Организација на системот во 4 модули;

Пристап до системот;

Активирање на Правилник за систематизација на работни места;

Внесување на организациона структура;

Внесување на работни места. 

СИМУЛАЦИЈА НА КОРИСТЕЊЕТО НА ИСУЧР 

Внесување на нови податоци и вршење на промена на постојните податоци во системот;

Исправка на грешки;

Внесувањето на податоците како предуслов за исплата на плати;

Поврзување со Управата за јавни приходи;

Следни предвидени мерки во врска со ИСУЧР;

Најчести дилеми, грешни чекори и прашања во врска со користењето на системот.

Интерактивен дел со практични примери и решавање проблеми од реални работни ситуации со индивидуален пристап кон секој учесник на обуката.

Заради следење на практичниот дел од обуката, пожелно е секој од учесниците да носи свој лаптоп.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

Обуката ќе се одржи во новоотворениот Центар за обуки Академик, кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр. 1.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.