/Прочитано:

606

Академик обука на тема: „Пополнување на работни места на административни службеници со практична симулација на ИСУЧР“

Академик организира еднодневна обука за уште една мошне актуелна тема „Пополнување на работни места на административни службеници со практична симулација на ИСУЧР“. Предавачи на обуката ќе бидат Билјана Николовска-Жагар, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација и  Лаура Идризи, помлад соработник за оценување на вработените во Министерството за информатичко општество и администрација.

Во согласност со последните измени на Законот за административни службеници, направени се директни интервенции во начинот, постапката и условите за пополнување на работните места на административните службеници, а со тоа и во системот за управување со човечките ресурси.

Како задолжителна алатка за електронско управување со човечките ресурси во јавната администрација, воспоставен е Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР).  Внесувањето на податоците во системот и нивното тековно и навремено ажурирање е законска обврска на секоја институција од јавниот сектор и претставува предуслов за исплата на плати.

Со цел комплетна поддршка на субјектите за успешно управување со човечките ресурси во јавната администрација, Академик ја организира оваа еднодневна обука, на која ќе биде направен спој на теоретското и на практичното управување со човечките ресурси и на која детално ќе се говори за најновите законски решенија, а сето тоа проследено со практична симулација на користењето на ИСУЧР.

Обуката ќе се одржи на 24.4.2018 година (вторник) , од 10:00 до 15:00 часот во новоотворениот Центар за обуки Академик, кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр. 1.

Агенда на обуката:

ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

  • Постапка за селекција за вработување на административен службеник;
  • Постапка за унапредување на административниот службеник;
  • Мобилност преку распоредување или преземање;
  • Значење и функција на трансфер-листата.

НАЈНОВИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

  • Измени во поглед на тестот за проверка на интелектуалниот капацитет и тестот на личност;
  • Начин на проверка на знаењето на странски јазик;
  • Постапка и услови за напредување во кариерата;
  • Новата улога на мерките за одличен и слаб учинок;
  • Други измени предвидени со законот.

ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (ИСУЧР)

  • Значење и цел на ИСУЧР;
  • Субјекти кои имаат обврска за упис во системот;
  • Организација на системот во 4 модули;
  • Пристап до системот;
  • Овластено лице за работа со ИСУЧР.

СИМУЛАЦИЈА НА КОРИСТЕЊЕТО НА ИСУЧР 

  • Внесување на организациона структура;
  • Внесување на работни места;
  • Активирање на Правилник за систематизација на работни места;
  • Внесување на промени и исправка на грешки;
  • Поврзување со Управата за јавни приходи.

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуките за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст. За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуките преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.

>>>Обуки во организација на Академик за месец април