/ Прочитано:

3.674

АКАДЕМИК ОБУКА: Новиот Закон за извршување – преглед на законските новини, на правозаштитните барања и на практичното спроведување на Законот

Новиот Закон за извршување стапи на сила на 20 април, а ќе започне да се применува од 20 август 2016 година. Во новиот закон се вклучени бројни измени кои носат нови решенија за спроведување на постапката, за роковите, за правозаштитните барања и за улогата на лицата кои се вклучени во постапката. Паралелно со овие измени, воведени се и измени кои ги дефинираат обврските за работодавачите, за носителите на платен промет, за проценителите и за вештаците, за чие неисполнување во некои случаи се предвидени и парични казни.

Акадеик обука, илустрација

На 9.6.2016 год., со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Солун“ во Скопје, Академик ќе одржи практична обука на тема: „Новиот Закон за извршување – преглед на законските новини, на правозаштитните барања и на практичното спроведување на Законот“.

Новиот Закон за извршување стапи на сила на 20 април, а ќе започне да се применува од 20 август 2016 година. Во новиот закон се вклучени бројни измени кои носат нови решенија за спроведување на постапката, за роковите, за правозаштитните барања и за улогата на лицата кои се вклучени во постапката. Паралелно со овие измени, воведени се и измени кои ги дефинираат обврските за работодавачите, за носителите на платен промет, за проценителите и за вештаците, за чие неисполнување во некои случаи се предвидени и парични казни.

Во таа насока, ќе бидат потенцирани разликите помеѓу правото на приговор и правото на тужба. Предмет на анализа ќе бидат деловите од новиот закон кои се однесуваат на одлагање на извршувањето и запирање на извршувањето. Исто така, акцент ќе биде ставен и на новата улога на адвокатите во извршната постапка утврдена со новиот Закон за извршување.

Во вториот дел од оваа обука ќе биде разгледано практичното спроведување на сите новини во постапката за извршување. Ќе се зборува за новините во извршувањето во делот на комуналните услуги, како и за комуникацијата со Комората на извршители.

newsleter извршување јуни 2016-пј 1

Новините во противизвршувањето, во обврските за надомест на штета,  во изземањето на извршител, во доставувањето на писмената, се само дел од прашањата на кои ќе дадат одговори нашите предавачи.

Искористете ја можноста навреме да се запознаете со сите новини, да добиете сеопфатен преглед на новините во постапката во форма на табела, од стручни лица со долгогодишно искуство да чуете кои се отворените правни и фактички прашања од постапката, како и низ дискусија да добиете одговор на сите прашања што произлегуваат од новиот закон.

Предавачи на оваа обука ќе бидат:

  • Кирил Чавдар, долгогодишен судија на Врховниот суд на РМ во пензија и автор на најпродаваниот Коментар на Законот за извршување и
  • Гордан Станковиќ, кој е еден од најискусните извршители со богата пракса во извршната постапка, кој предавал на повеќе теми од областа на извршувањето во земјата и во странство.