/ Прочитано:

1.915

АКАДЕМИК ОБУКА: Практична примена на новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам

На 7 јули 2018 година стапи во сила новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Со Законот се предвидуваат бројни мерки, дејствија и постапки кои субјектите и надлежните органи се должни да ги преземаат, а за чие неспроведување се предвидени сериозни прекршочни одредби.

Обуката што ја организира Академик на 13.9.2018 ќе овозможи детално толкување на зборот на Законот и подготовка на субјектите за негова практична примена. Преку анализа на реални ситуации и примери од практиката, учесниците на обуката  ќе се стекнат со знаења и искуства пренесени од врвен експерт од областа.

Обуката е наменета за претставници од банки, штедилници, менувачници, друштва за осигурување, брокери и брокерски друштва и други финансиски институции и нивни подружници; за сите правни и физички лица кои вршат услуги за посредување во промет со недвижности, ревизорски и сметководствени услуги, давање совети од областа на даноците, давање на услуги како инвестиционен советник, услуги за организирање и спроведување на аукции; за заложувалници; за нотари; за адвокати и адвокатски друштва; за приредувачи на игри на среќа; за даватели на услуги на трустови или правни лица; за Централниот депозитар за хартии од вредност и за сите други субјекти кои, во согласност со Законот, имаат обврска да преземаат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Предавач на обуката ќе биде Ивица Симоновски – финансиски разузнавач во Управата за финансиско разузнавање. Обуката ќе се одржува во Центарот за обуки Академик, кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр. 1.

Агенда на обуката

МЕРКИ И ДЕЈСТВИЈА ЗА ОТКРИВАЊЕ И СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ

Обврска за изготвување процена на ризик во согласност со националната процена на ризик;

Препознавање и примена на соодветни индикатори за определување на фактори на ризик;

Содржина и значење на Програмата за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам;

Случаи во кои субјектите се должни да ја донесат Програмата, рокови за нејзино донесување и доставување и каде треба да биде доставена.

 АНАЛИЗА НА КЛИЕНТОТ

Случаи на спроведување анализа и нивни исклучоци;

Чекори и мерки на анализата, со практични примери и ситуации;

Времетраење на важноста на спроведената анализа;

Посебности при идентификување и потврдување на идентитетот на вистинскиот сопственик;

Мерки за анализа при повеќестран деловен однос и други сложени и невообичаени трансакции;

Специфики, забрани и дополнителни мерки за анализа на клиентот кај менувачкото работење, кај приредувачите на игри на среќа и кај брокерските куќи.

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ЗАКОНОТ

Користење, располагање, чување и доставување на собраните информации до Управата за финансиско разузнавање;

Обврска за именување на овластено лице и формирање на оддел за спречување на перење пари и финансирање на тероризам;

Случаи за следење на деловен однос и определување на привремени мерки;

Практични примери и специфични ситуации за препознавање на сомнителни активности и трансакции.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст. За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.