/Прочитано:

863

АКАДЕМИК ОБУКА: Практична примена на Законот за јавните набавки, симулација на користењето на ЕСЈН и преглед на најавените новитети во системот за јавни набавки

Како продолжение на циклусот обуки од областа на јавните набавки, Академик организира обука за практично спроведување на електронски јавни набавки и за користењето на ЕСЈН, со наслов „Практична примена на Законот за јавните набавки, симулација на користењето на Електронскиот систем за јавни набавки и преглед на најавените новитети во системот за јавни набавки“.

Обуката ќе се одржи на 28 мај 2018 година, а предавачи ќе бидат сертифицирани обучувачи за јавни набавки, со долгогодишно практично искуство во примената на Законот за јавните набавки и електронско спроведување на јавните набавки преку Електронскиот систем за јавни набавки.

Со оглед на постојаната потреба од практично појаснување на Законот за јавните набавки, на обуката ќе се споделат вештини и практични искуства, кои ќе придонесат во разрешување на дилемите што ги имаат договорните органи и економските оператори во практиката.

За формирање на целосна и јасна слика за македонскиот систем за јавни набавки, на обуката ќе се дискутира и за претстојните неопходни реформи во системот кои произлегуваат од новото законодавство за јавни набавки на Европската Унија. Со оглед на тоа што предавачите се  експерти  од областа на  јавните  набавки,  обуката ќе биде од интерактивен карактер, со практичен дел, во  однос на  целосно  спроведување на постапките по електронски пат.

Агенда:

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Улогата и одговорностите на лицето за јавни набавки, на Комисијата за јавни набавки и на раководното лице;

Чекори при изготвување на тендерската документација, на што треба посебно да внимава договорниот орган, кои елементи и параметри не треба да бидат содржани во тендерската документација;

Предмети на јавна набавка со специфична тендерска документација;

Критериуми за доделување договор за јавна набавка и критериуми за утврдување способност;

Објавување на оглас;

Јавно отворање и евалуација на понудите;

Случаи на судир на интереси;

Завршување на постапката и склучување на договор;

Дискусија за проблемите при примена на Законот за јавните набавки;

Новини во законодавството за јавни набавки на Европската Унија кои треба да се применат во националното законодавство.

ПРИСТАП И ФУНКЦИИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ (ЕСЈН)

Презентација на ЕСЈН и на е-набавките во Македонија;

Последни измени на ЕСЈН и развој на нови функционалности;

Претставување на придобивките од е-набавките;

Спроведување на постапка по електронски пат;

Е-аукции и дигитални сертификати;

Начин на користење на апликацијата TED;

Корисни препораки и позитивни практични примери за користење на ЕСЈН;

Нови функционалности на ЕСЈН со воведување на иновативни алатки.

СИМУЛАЦИЈА НА КОРИСТЕЊЕТО НА ЕСЈН

Спроведување на постапка за јавна набавка по електронски пат на ЕСЈН (од објава на оглас до известување за избор).

На обуките учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на една обука за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10 % попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

Обуката ќе се одржува во новоотворениот Центар за обуки Академик кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр. 1.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуките преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.