/ Прочитано:

2.518

АКАДЕМИК ОБУКА: „Правила и техники на канцелариското и архивското работење“

На 20. 9. 2018 година Академик организира еднодневна обука на тема „Правила и техники на канцелариското и архивското работење, со осврт на водењето е-деловодник и на постапката за уништување на документацијата“. Предавач на обуката ќе биде Ана Михајловска – управен инспектор во Државниот управен инспекторат. Обуката ќе се одржи во Центарот за обуки на Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

Во основата на работата на секој правен субјект стои правилното водење на канцелариското и архивското работење. Започнувањето и финализирањето на деловната работа, основите за докажување на законитоста во работењето, потврдата за влез и излез на документот, правилната заверка и експедирањето на материјалот, лоцирањето на одговорноста меѓу вработените се само дел од прашањата што наоѓаат свој одговор во прописите за канцелариско и архивско работење и за кои детално ќе се дискутира на обуката во организација на Академик.

Секоја алка во системот на канцелариското и архивското работење ќе биде поединечно обработена на обуката која е конципирана како практичен водич низ техниките и основите на канцелариското и архивското работење, со посебен осврт на водењето е-деловодник, и сето тоа пренесено преку примери, вежби и случаи што произлегуваат од реални работни ситуации.

Агенда

Правна рамка за канцелариско и архивско работење

Законски и подзаконски акти со кои се уредуваат канцелариското и архивското работење;

Правила и процедури за следење на движењето на актите (од влез и прием на актот, па сè до негово експедирање);

Права и обврски на имателите на јавен и на приватен архивски и документарен материјал.

Водење деловодник и книги за евиденција, со посебен осврт на е-архива и е-деловодник

Правила и техники за заведување на документите и за водење на деловодникот и други книги за евиденција;

Почеток на водење и заклучување на деловодникот;

Разведување на документи/записи во деловодникот;

Водење на е-деловодник и негова усогласеност со рачното водење на деловодникот;

Движење на документите, водење книги за евиденција и распоредување на документите во работа по вработен;

Евиденција и употреба на печати и штембили;

Овластувања за водење деловодник и е-деловодник, прием на пошта и користење на печати и штембили;

Најчесто поставувани прашања поврзани со електронското водење на архивата (е-архива и е-деловодник).

Постапување со архивски и документарен материјал

План на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал, со рокови за негово чување;

Одбирање  на  архивскиот од  документарниот материјал;

Евидентирање (попис и опис) на архивскиот материјал;

Категоризација на архивскиот материјал;

Попишување на документарниот материјал на кој му изминал рокот за чување;

Постапка за уништување на документарен материјал со изминат рок за чување;

Простор, опрема и услови за чување и заштита на архивскиот и на документарниот материјал;

Предавање на јавниот архивски материјал на трајно чување во Државниот архив на Република Македонија;

Практични примери и вежби.

Сите заинтересирани за обуката можат да се пријават преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.