/ Прочитано:

2.493

АКАДЕМИК ОБУКА: Правилно и законско користење и располагање со ствари во државна и во општинска сопственост

На 19.6.2018 година (вторник) од 10:00 до 15:00 часот Академик ќе одржи еднодневна обука на тема: „Правилно и законско користење и располагање со ствари во државна и во општинска сопственост“. Предавач на обуката ќе биде Сашо Матески – ревизор при Државниот завод за ревизија. Обуката ќе се одржува во новиот Центар за обуки Академик, кој се наоѓа во Скопје, во централното градско подрачје, на ул. „ВМРО“ бр. 1.

Обуката е наменета за претставници од сите државни органи, општини, јавни установи, јавни претпријатија, независни регулаторни тела основани од државата, трговски друштва во целосна државна сопственост и други институции основани од државата.

Секоја постапка за купување и за продажба на ствари во државна и во општинска сопственост, за давање под закуп, за давање на користење, или  пак за отстранување на уништени и дотраени ствари е предмет на секоја ревизија за регуларност во работењето и подлежи на сериозни казнени одредби во согласност со Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост.

На обуката ќе се  понудат одговори на многу прашања кои се од огромно значење и важност при користењето и располагањето со стварите во државна и во општинска сопственост, меѓу кои:

Кои се задолжителни чекори при давање на недвижност под закуп;

Дали е регулирано со истите законски одредби закупувањето ѕидни површини за рекламни цели;

Кој е вредносниот праг за примена на Законот;

Дали може да се продаде или да се даде на користење ствар во државна сопственост со непосредна спогодба;

Што мора задолжително да следува по спроведените годишни пописи;

Која е законската процедура за постапување со отпад и негово отстранување;

Како да се спроведе електронска аукција за продажба на ствари;

Кои се единствените начини за отпис на стварите од сметководствената евиденција.

Агенда:

ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ СО СТВАРИ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И СО СТВАРИ ВО ОПШТИНСКА СОПСТВЕНОСТ

Кој располага со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост;

Улога, состав, надлежности и одговорности на Комисијата за недвижни и движни ствари;

Разлика помеѓу времено и трајно користење на стварите;

Примена на Законот за процена.

ПОСТАПКА ЗА ПРОДАЖБА И ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА СТВАРИТЕ ВО ДРЖАВНА И ОПШТИНСКА СОПСТВЕНОСТ

Кој предлага и кој одлучува за продажба или за давање под закуп на стварите;

Обврска за процена и определување на почетна цена;

Елементи  и примена на системот за електронско јавно наддавање;

Најчести дилеми и грешки при користење на системот;

Избор на најповолен понудувач;

Во кои случаи стварта може да се продаде преку непосредна спогодба;

Специфичности на постапката за давање под закуп.

УСЛОВИ, НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРЕСТАНОК И ДАВАЊЕ НА КОРИСТЕЊЕ НА СТВАРИТЕ И ДАВАЊЕ НА ДВИЖНИ СТВАРИ НА ОТПАД

Кој може да се јави како корисник на недвижни и движни ствари во државна или во општинска сопственост;

Постапка за давање на користење и склучување договор;

Врз кого може да биде пренесено правото на сопственост на движните ствари и дали постојат исклучоци;

Начин на постапување со дотраени, застарени или неупотребливи ствари.

Прашања, одговори и дискусија

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10 % попуст.

За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува дополнителен попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.